X
 01.09.2020 Култура

Избришана сцена од „Пријатели“ ја предвидува врската на Чендлер и Моника

Иако серијата „Пријатели“ заврши пред 16 години, и понатаму ги забавува обожавателите. Преку избришаните сцени, интервјуа со актерската екипа и смешни сцени за време на снимањето, обожавателите и понатаму имаат еден куп содржини што може да ги задоволат нивните апетити.

Она што најмногу го сакаат е враќањето назад и откривањето моменти што не успеале да ги откријат кога претходно ги гледале, а кои можеби предвидуваат нешто што ќе се случи во иднина. На пример, избришана сцена што ја предвидува врската меѓу Чендлер и Моника.

Од 1994 година „Пријатели“ почна да ги освојува срцата на публиката. Серијата ги прикажува цимерките Моника (Кортни Кокс) и Рејчел (Џенифер Анистон), и нивните соседи Џои (Мет Лебланк) и Чендлер (Метју Пери), како и Фиби (Лиза Кудру) и братот на Моника (Дејвид Швимер) како ги поминуваат нивните животи на Менхетн. Серијата траеше од 1994 до 2004 година и имаше вкупно 10 сезони и 236 епизоди.

„Пријатели“ постојано се рангира меѓу првите 10 ТВ-серии по гледаност. Крајот на серијата го гледаа 52,5 милиони гледачи.

Сега серијата се прикажува на „Нетфликс“ и е една од најгледаните на оваа платформа.

Она што ја прави серијата одлична се самите ликови; тие повеќе се семејство отколку пријатели.
Во четвртата сезона, кога дружината оди во Лондон на свадбата на Рос и Емили, Моника и Чендлер првпат покажуваат симпатии еден кон друг. Оттогаш тие станаа пар, прво чувајќи ја врската во тајност, а подоцна стапија во брак. Гледачите не можеа ни да си претпостават дека Моника и Чендлер еден ден ќе бидат пар. Серијата во ниеден момент не навестуваше дека тие ќе се засакаат додека не се случи сцената што ги шокира обожавателите.

Но, во избришана сцена од 23. епизода од 4. сезона обожавателите можеби ќе добиеја навестување за односи меѓу двајцата, доколку не беше избришана.

Во сцената ги гледаме Џои и Чендлер како ги пакуваат куферите во нивниот стан пред да тргнат во Лондон. Чендлер се врти кон Џои и му вели: - Шестчасовно патување до Лондон - тоа е многу Моника.
Џои прашува што држи Чендлер во раката, а Чендлер вели: - Кондоми, другар! Сцената продолжува така што Џои прашува зошто на пакетчето пишува на шпански јазик, а Чендлер му вели да престане да го чита, додека ги пакува во торбата.

Иако кратката сцена се чини како мала шега, лесно може да се смета како претскажување на она што ќе се случи во хотелската соба меѓу Чендлер и Моника.



Извор: Cheatsheet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура