X
 17.11.2023 Живот

Здравствените работници бараат зголемување на платите од 30 проценти, најавуваат протест на 24 ноември

Здравствени работници денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од 1 на 4 проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство.

- Ние, како Независен синдикат, имаме неколку барања за кревање на достоинството на вработените во здравствениот сектор. Доколку не се изнајде решение, ќе продолжиме со мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство и на 2 декември ќе имаме протестен марш од пред нашето седиште до Владата - изјави доктор специјалист Јосиф Ѓорески од Гинеколошко-акушерската клиника.

Тој појасни дека повеќе работи им пречат во сегашниот колективен договор. Ѓорески кажа дека имало луѓе кои работеле во здравство и по девет години со нерешен статус. 
Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и недостига кадар, на штета на пациентите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот