X
 06.08.2018 Култура

Луксембург - земја во која минималната плата е 2.000 евра

Луксембург има само 600.000 жители, но со БДП по глава на жител од околу 110.000 долари, е најбогатата земја во Европската унија и една од најбогатите во светот.

До 60-тите години, основната економија на Луксембург било производството на челик. Но последните децении биле направени големи чекори за структурата на економијата да се промени, така што денес Луксембург е еден од водечките финансиски центри во светот.

луксембург

Успехот на оваа земја е поради тоа што лесно се прилагодуваат, а и порадидоброто образование на населението. Кога дошло до пад на индустријата со челик на глобално ниво, земјата сфатила дека треба да се префрлат на други сектори. Одлучиле силно да го промовираат финансискиот сектор и денес нивната економија се базира на финансиските услуги што чина околу 35 отсто од БДП.

Нивната работна сила е една од најобразованите во светот, а посебна предност што ги привлекува странските компании е нивната мултилингвалност - зборуваат повеќе јазици.

Луксембург денес е втор по големина центар за инвестициски фондови, веднаш зад САД, со имот од 4 милијарди долари и имаат најразвиено приватно банкарство во еврозоната.

Големата атрактивност за финансиските индустрии произлегува од политичката и социјалната стабилност на земјата, но и поволните регулаторни и даночни рамки, закони што се прилагодуваат на современите потреби. Во текот на годината се изработува специфична регулаторна рамка за алтернативни инвестициски фондови, фондови за ризичен капитал, меѓународни пензиски фондови, разни специјализирани фондови и друштва за реосигурување. Тоа ги привлекува инвеститорите од целиот свет.

За големината на финансискиот сектор најдобро зборуваат бројките. Во оваа мала земја работат околу 140 банки што вработуваат 26.000 луѓе и имаат актив од 770 милијарди евра.

Со години Луксембург беше даночна оаза за многу мултинационални компании, но под притисок на ОЕЦД и ЕУ, пред неколку години се согласиле за размена на информации за банкарски сметки од други земји и меѓународни институции.

И покрај големиот досегашен успех, Луксембург и понатаму развива бројни сектори на економиите во кои гледа иднина, како логистика, информациски и комуникациски технологии, биотехнологија и биомедицински истражувања, „зелена“ енергија, а во последно време и вселенска технологија.

Иако има развиена економија, Луксембург и понатаму успева да постигне силна стапка на раст па растот на БДП во 2017 година изнесувал 3.4 отсто, надминувајќи го европскиот просек од 1.8 отсто.

Како и сите развиени земји, и во Луксембург најголемиот дел од БДП отпаѓа на услужниот сектор - 87.9 отсто. Потоа следува индустријата со 11.9 отсто, додека земјоделството учествува со само 0.2 отсто од БДП.

Работната сила брои 282.000 лица, од кои 78.9 работи во услужниот сектор, 20 отсто во индустријата и 1.1 отсто во земјоделството. Во овие бројки не се пресметани и 150.000 луѓе кои секојдневно одат на работа во Луксембург, а се од Франција, Белгија и Германија.

Пазарот на труд во Луксембург е еден од најатрактивните во Европа. Тоа не изненадува со оглед на тоа што минималната месечна плата за неквалификуван работник кој работи 40 часа неделно изнесува 2.000 евра. За квалификуван работник минималната плата е за 20 отсто повеќе и изнесува 2.400 евра. Просечната плата изнесува повеќе од 4.300 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура