X
 07.01.2018 Живот

Професии погубни за здравјето: Дали вашата е меѓу нив?

професии

Научниците од Универзитетот во Калифорнија спровеле истражување со цел да откријат кои професии се постресни и полошо влијаат врз здравјето на луѓето - резултатите ќе ве изненадат.

Најзагрозени се градежните работници кои, поради природата на нивната работа, често доживуваат респираторни заболувања, најчесто азбестоза. Понатаму, кај луѓето што стојат на нозе на работа - келнери, секретарки или професори - се појавува артритис на стапалата, а оние што работат во смени страдаат од нарушување на сонот. Исто така, ноќните смени не се добри за телото.

Неправилниот животен ритам доведува до нарушување на метаболизмот, недостиг на енергија, пад на имунитетот, со што телото станува подложно на болести.

Кај луѓето што работат прекувремено (особено оние што работат 11 часа или повеќе) постои ризик од депресија. Оние што работат како медицински сестри се склони кон психичко нарушување. 11 отсто од нив имале тешка форма на депресија предизвикана од фактот дека не се во состојба да им помогнат на лицата за кои се грижат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот