X
 07.04.2023 Економија

Швајцарија го олеснува процесот за добивање работна дозвола за странци

Странците што сакаат да работат во Швајцарија отсега полесно ќе добиваат работна дозвола. Швајцарските власти одлучиле да ја олеснат процедурата за доделување работна дозвола за странци.

Властите изјавиле дека квалификуваните работници од странство ќе може да добијат работна дозвола доколку има потреба од тоа бидејќи тоа е во економски интерес на државата. Меѓу другото, швајцарските кантони може да даваат побрзо одобрување за промена на работната дозвола од вработен во самовработен за странци што веќе се во земјата.

Освен тоа, процедурите за некои барања за работни дозволи биле скратени за да нема потреба од одобрување на ниво на конфедерација. Згора на тоа, нема да се наплаќа повеќе за забрзана постапка за добивање работна дозвола.

Невработеноста во Швајцарија изнесувала 2,1 отсто во 2022.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија