X
 03.02.2018 Живот

Рајски места на приватните острови во азискиот дел од Пацификот

Бистра вода, тропски птици, палми. Места како излезени од разгледница. Таков рај може да се најде во Азија, на приватните ресорти што се исполнети со низа водни активности и уживање во природните убавини. Ова е листа со најубавите дестинации низ Југоисточна Азија и Пацификот:

1. Остров Бава, Индонезија

фотоизвор: Scott Dunn
 
Ако сте обожавател на неверојатно бистрата вода, тогаш овој остров е идеално место за вас. Местото е достапно ако се оди со авион, а е дел од архипелаг со 6 острови, на околу 3,5 часа североисточно од Сингапур. Во местата за престој сè е платено освен консумацијата на алкохол и нуркањето. На островот има 35 бунгалови од бамбус, кино под отворено небо, како и голем број активности на отворено.

2. Остров Хагерстоун, Австралија

На ова место има ресорт кој го води семејството Тарнер веќе 30 години. До островот се доаѓа со брод, а таму непрестајно се ужива во свежата морска храна и ладните пијалаци. Водата е неверојатно чиста, а плажата е со бел песок. Идеално е за цели семејства бидејќи има луксузни куќи за сместување со повеќе соби и можности, како и места за играње на децата.

3. Сонг Саа, Камбоџа

фотоизвор: Song Saa Private Island

Ова е единствениот ресорт на островот Ко Ронг, на брегот на Југозападна Камбоџа. Ресортот е основан од страна на брачен пар од Австралија, кој е сопственик веќе 12 години. Тие го купиле островот од локално семејство. На местото има 27 апартмани за сместување, сала за вежбање, ресторан над вода.

4. Нихи, Индонезија

Има повеќе ресорти во Индонезија, но Нихи се издвојува. Содржи „спа сафари“, односно можност за целодневно уживање во спа-активности, потоа планинарење, посета на локални села, риболов, сурфање, пинг-понг, кино на плажа, јавање коњи и друго. Вилите за сместување се во рустикален стил, со големи тераси со поглед на Индискиот Океан.

5. Островот на желките, Фиџи

Прекрасни приватни плажи во сопственост на семејството Евансон. На ова место е сниман филмот „Сина лагуна“ во 1980 година. Одличен однос на вработените кон гостите, но местото не е наменето за деца. Нуди низа спортски активности, забави, танцување и други културолошки активности. Туристите имаат сопствен батлер со кој комуницираат преку воки-токи за сè што им е потребно.

6. Остров Пикник, Тасманија

Се наоѓа на јужниот брег на Австралија, а е дом на неверојатни пејзажи и разновидна фауна. Ова место е ново, односно отворено во 2017 година, а нуди одлична можност за посета на националниот парк „Фрејсине“ и прекрасните плажи. Сепак, хотелот може да прими само 10 гости истовремено. На ова место има многу егзотични животни, а може да се набљудуваат и китови, делфини, во зависност од сезоната. Островот нуди можност и за планинарење.

7. Аманпуло, Филипини

фотоизвор: AMANPULO

Една од најлуксузните опции на Филипините. Ресортот нуди посета на џунглата и на приватните базени, а вилите за сместување имаат дури и по 4 спални соби, па во секоја вила има по еден батлер и шеф на кујна.

8. Таванипупу, Соломонски Острови

Се опишува како „последниот рај на Земјата“. Изобилува со природна убавина, а ресортот на ова место е најчест избор на младите парови што одат на меден месец. Островот зафаќа површина од 13 хектари, а е одличен за нуркање, спортски риболов, возење велосипед или кајакарење.

9. Чемпедак, Индонезија

Сместено подалеку од цивилизацијата, ова место е малку покомплицирано за посета во смисла на транспортот, но секако е вредно. Вилите за сместување се веднаш до брегот, а има вкупно 20 бунгалови. Сите имаат сопствен базен и неверојатен поглед, а белите плажи го одземаат здивот.

10. Виванта Бај Таџ, Малезија

Мистично место со природни убавини. Туристите може да уживаат во неверојатните плажи, 300 милиони години старите шуми, коралните гребени и во прошетки. Обезбедени се и низа спортски активности, а нуркањето е главна забава. На местото има 8 ресторани и барови, како и опции за приватна вечера околу островот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот