X
 13.05.2016 Наука

Островите исчезнуваат поради климатските промени

Како што ќе минуваат годините, ќе станува се` потешко да се негира доказот дека човекот ги предизвикал климатските промени. Веќе знаеме дека исчезнувањето на животинските видови се случува 1.000 пати побргу од нормално, а шестото масовно изумирање на Земјата веќе започнало.


Климатските промени може да ги претворат северна Африка и Средниот исток во огромна пустина. Ново истражување објавено од „Ne scientist“ покажува во колку лоша состојба се наоѓа Земјата поради климатските промени. Имено, од 2014 година, пет Соломонски острови исчезнале од мапата на светот поради порастот на морското ниво.

Петте острови: Какатина, Кале, Рапита, Рехана и Золис, за среќа не биле населени, но сепак биле покриени со вегетација и служеле како место за одмор за локалните рибари. Водата во регионот расте просечно 7 милиметри годишно, во споредба со 3-те милиметри пораст во другите делови од планетата.

Истражувачите се сигурни дека во втората половина од векот, остатокот од светот ќе го стигне нивото на морето на Соломонските острови.

Овие пет острови не се единствените погодени од климатските промени. Уште шест други острови имаал помала површина за 20-62%, а на еден од најнаселените, Нуатамбу, потонале 11 куќи од 2011 година.

Како што претпоставуваат научниците, до 2100 година, 150-200 милиони луѓе може да бидат директно погодени од порастот на морското ниво.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука