X
 20.01.2015 Култура

Зошто книгата треба да биде Вашиот најдобар пријател?

Иако се` поголем број на луѓе поседуваат е-книги, се чини дека нема да погрешиме ако кажеме дека вистинските книги се`уште не одат никаде.

0Не постои ништо подобро од старата добра книга, и старомодниот начин на читање. Исто така, не постои ништо како мирисот на старите книги или вртењето на насловната страница на новите. Кога стекнувате навика да читате книги, со неа добивате уште една „личност“ во вашиот живот - книгата која ќе стане вашиот најдобар пријател. Зошто треба да го задржите? Затоа што...

1. Ги развива јазичните способности

Иако не секогаш значи дека со читањето вие ќе бидете подобар комуникатор, оние луѓе кои читаат имаат поголем спектар на различни зборови со кои можат да се изразат како се чувствуваат и секако, со кои можат да ја докажат поентата. Спектарот на зборови се проширува со самиот број на прочитани книги, со што ви дава високо ниво на речник кој го користите во секојдневниот живот.

2. Го подобрува фокусот и концентрацијата

За разлика од постовите на блоговите и статиите од веб страните, седењето со книга во рака бара подолг период на фокус и концентрација, што на почеток е навистина тешко. Целосното посветување на книга вклучува исклучување од надоврешниот свет, со што со текот на времето го зајакнува вашиот распон на внимание.

3. Читателите уживаат во уметноста и го подобруваат светот

Луѓето кои читаат за задоволство многу повеќе ги посетуваат музеите и присуствуваат на концерти, и скоро три пати повеќе вршат волонтерска или добротворна работа од оние кои не читаат. Читателите се активни учесници во светот околу нив, а овој ангажман има клучно значење за еден човек и општествената благосостојба.

4. Ја подобрува вашата имагинација


Единствено сте ограничени со тоа што можете да го замислите, а световите опишани во книгите, како и другите ставови и мислења на луѓето, ќе ви помогнат да го проширите вашето разбирање за што се` е возможно. Преку читање на напишан опис на одреден настан или место, вашиот ум е одговорен за креирање на таа слика во вашата глава, наместо сликата да ви биде поставена пред вас кога гледате телевизија.

5. Читањето ве прави попаметни и поинтелигентни


Книгите огромно богатство на знаење, и за многу поевтина цена отколку различните курсеви. Читањето ви дава шанса да консумирате огромна количина на истражување во релативно краток  временски период.

„Колку повеќе читате, толку повеќе работи знаете. Колку повеќе учите, толку повеќе места ќе посетите“ - Др.Сјус

6. Ве прави интересни и атрактивни

Со тоа што имате библиотека на информации во вашата глава, ќе ви се најде од корист во сите академски и научни разговори. Ќе бидете во можност да се задржите во одреден разговор, наместо да барате изговори за да си одите.

7. Го намалува стресот

Едно истражување направено од консултантската фирма „Mindlab International“ на Универзитетот во Сасекс, покажува дека читањето го намалува стресот. Кандидатите во истражувањето требале само да читаат, тивко, шест минути за да ја забават работата на срцето и да ја намалат затегнатоста на мускулите.

8. Ја подобрува меморијата

Кога читате, имате повеќе време за да размислувате. Читањето ви дава уникатно копче за пауза за разбирање и увид. Вакво „копче“ немате во оралниот јазик, тогаш кога нештото не го разбирате не можете да притиснете пауза.

9. Се откривате и креирате самите

Потребно е да читате бавно, со љубов и отвореност. Потребно е да читате за да ја зголемите вашата духовитост, чувство на имагинација и чувство на интимност. Со бескрајна количина на перспективи и живот можете да читате книги кои ви даваат можност да имате искуство кое досега не сте го имале во реалниот живот.

10. За забава

Доколку не постоеше забава во читањето, тоа би било секојдневна обврска која би била досадна. Но, читањето не само што е забавно, туку има и дополнителни предности кои погоре ги напоменавме. Многу повеќе од гледањето на некој филм или тв шоу, добрата книга може да не` забавува додека ние ги развиваме нашите животни вештини.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура