„Тајммарк/Timemark“ не е типична мобилна камера и покрај тоа што ви овозможува да фотографирате бидејќи нејзината клучна цел е да им понуди на корисниците едноставен начин за креирање фотографии со податоци што можат да послужат како доказ за теренските активности.
Апликацијата е многу лесна за користење, сè што треба да направите е да ја стартувате камерата, да изберете еден од шаблоните за печат на податоци што ќе бидат додадени на фотографијата доколку сакате, а потоа само да фотографирате. Апликацијата автоматски ќе ја додаде ГПС локацијата, датумот, времето, па дури и надморската височина и брзината на движење, додека самите податоци не можат да се менуваат подоцна.

На овој начин апликацијата се обидува да ја обезбеди автентичноста на самата слика. Покрај тоа, постои можност за додавање белешки на фотографијата, а покрај фактот дека има многу различни шаблони, погодно е и тоа што боите и фонтовите можат да се прилагодат на шаблоните, додека постои можност и за додавање на ваше лого, како и опција за генерирање извештаи во ПДФ-формат.
Сликите може да се зачуваат во неколку популарни формати, а постои и опција за споделување слики преку е-пошта или социјални мрежи. Основната верзија на апликацијата е бесплатна, а за повеќе опции постои „про“ издание за кое треба да платите годишна претплата која чини 44,99 евра, со тоа што можете да го испробате тоа издание бесплатно седум дена.
Фото: Playstore screenshot/Freepik