X
 12.02.2018 Живот

Џип влетал во колоната што го придружувала канадскиот премиер?!


Џастин Тридо
(Фото: Flickr)


Доцна попладнето во петокот, во долината Сима во близина на Лос Анџелес, се случил сообраќаен инцидент кога еден џип ненадејно свртил лево, пресекувајќи ја колоната во придружба на канадскиот премиер Џастин Тридо. Премиерот не е повреден, но џипот налетал на еден мотоциклист кој бил дел од придружбата, при што го повредил. Жената што го возела џипот, нејзиниот син и мотоциклистот веднаш биле пренесени во болница, а сопругот, кој бил сопатник во џипот, раскажал како се случила несреќата.

„Таа виде само еден мотоцикл, без да забележи дека по него доаѓа друг“, раскажал тој.

Тридо и другите од придружбата набрзо продолжиле по својот пат како ништо да не се случило. На местото на настанот стигнала полиција без да дига врева како да се работи за терористички акт, жената што го возела џипот не била итно спроведена на испитување, министерот за полиција не одржал вонредна прес-конференција на тема дека некој се обидува да го сруши канадскиот премиер, па дури ни медиумите не известувале за настанот како за обид за атентат, туку како за сообраќајна несреќа од засега непозната причина, која допрва ќе се утврдува.

Тие во ниту еден наслов не имплицирале дека случајот би можел да се толкува како државен удар во најава, ниту дека противниците на Тридо на овој начин се обидуваат да го отстранат од власта.

За наши услови, веројатно сето ова е, најблаго кажано, чудно. Навистина се досадни овие Канаѓаниве, нели?


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот