X
 17.02.2018 Живот

Што ни порачува несвесното?

Пролетта 1957 година, кога имал 84 години, легендарниот психијатар Карл Јунг одлучил да ја раскаже својата животна приказна. Започнал серија разговори со својата колешка и пријателка Аниела Џаф, која ја користел како основа за тест. Сите поглавја ги напишал рачно, а на ракописот работел речиси до својата смрт, во 1961 година. Резултат на сето тоа се „Спомени, соништа, рефлексии“ – дел од фасцинантниот ум на Јунг, откривајќи цел еден свет на мудрост, искуства и проучувања на внатрешното битие.

фото извор: Austin Kleon

Веб-страницата „Брејн Пикингс“ го избрала делот од поглавјето „Живот и смрт“, кое на најдобар начин објаснува што значи да се биде човек:

„Нашето време ги придвижи сите граници за овде и сега и на тој начин го демонизира човеков во овој свет. Феноменот на диктатор и целата беда на овој свет потекнуваат од фактот дека човекот е ограбен, осакатен од страна на кратковидоста на суперинтелектуалецот. Како и тие, човекот паднал како жртва на несвесното. Но, задачата на човекот е токму спротивното: да стане свесен за содржината што нè притиска, а доаѓа од несвесното. Ниту треба да се инсистира на своето несвесно ниту да се поистоветува со несвесните елементи на своето битие и така да ја избегнува својата судбина, а тоа е да создаде повеќе свесно во својот живот. Колку што можеме да уочиме, единствената цел на човечкото постоење е да создаде светлина во темнината на самото постоење. Дури може да се претпостави дека несвесно влијае врз нас, така што го зголемува влијанието на несвесното во нашето свесно“.

Некои делови од книгата влијаеле врз уметникот Аустин Клеон да изработи цртежи – на кој начин тој ја гледал книгата.

„Ме прави многу силен сознанието дека сум под влијание на неразјаснети работи или неодговорени прашања кои ги оставија моите родители, баби и дедовци и далечни предци“.

„Нашите души, како и нашите тела, се составени од посебни елементи кои веќе се присутни во редовите на нашите предци. Новитетите во нашата психа се бескрајно разновидна комбинација на компонентите на старите векови“.

„Смислата на моето постоењето е во тоа што животот ми упати прашање“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот