X
 09.03.2018 Живот

Зошто доцнеа часовниците во Србија и Косово?

Откако неколку недели заостануваа за околу шест минути поради енергетскиот конфликт на Балканот, часовниците се враќаат на точно време, а спорот меѓу Србија и Косово наводно е решен.



Главниот српски оператор Електромрежа на Србија (ЕМЦ) во четвртокот соопшти дека генераторите во Косово кои биле одговорни за недостатокот на електрична енергија, продолжиле со нормално производство на струја од 3 март.

Изминатите неколку недели, енергетски дефицит предизвика застој во малите уреди за домаќинства како микробранови печки и радио часовници низ цела Европа.

Континентална Европа има заеднички пазар на електрична енергија. Секој учесник во него, односно држава, придонесува со струја и ја става на располагање за потрошувачка. Индивидуалното учество е претходно договорено и прецизирано со цел да се одржува системот стабилен.

Од српската Електромрежа целата вина ја префрлаат врз Косовскиот електричен пренос (КОСТТ). Според претходните извештаи на европската мрежа, косовската мрежа произведувала помалку струја од договореното. Во конкретниот случак, Косово складира премалку струја, а Србија одбива да ја пополни таа дупка поради политичкиот конфликт меѓу двете држави. Приштина и Белград спорат околу тоа кој треба да плати за редовните недостатоци во производството во Косово.

Недоволното производство на струја нема големо влијание врз европската мрежа, но осцилациите се доволни за да ги пореметат часовниците. Многу часовници ги добиваат потребните импулси преку електричната мрежа. Таа фреквенција изнесува 50 херци- 50 осцилации во секунда. По 50 осцилации, се прикажува следната секунда. Кога нема доволно струја, фреквенцијата паѓа под 50 херци, па затоа за 50 осцилации е потребно повеќе време. И затоа часовниците доцнат.

Прочитај повеќе: Србија и Косово ги заглавија часовниците во цела Европа
Извoр
Подготвил: БГ / DW
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот