X
 05.06.2017 Наука

На кој начин нашето тело одржува чекор со себе?

Научниците додека ги проучувале деноноќните ритми, откриле дека еден централен телесен часовник можеби е одговорен за контролата на сите останати истовремено.

фото извор: Ryan Jorgensen - Jorgo/Shutterstock.com

Тие ги испитувале винските мушички кои како и луѓето, имаат неколку деноноќни часовници кои влијаат на нивните дневни биолошки процеси. Истражувачите откриле доказ за еден „главен“ часовник кој ги води сите останати внатрешни часовници поврзани со спиењето и јадењето, како и со функциите на одредени органи.

Тимот на истражувачи смета дека сега конечно имаат доказ за таканаречениот осцилаторен модел кој ги дефинира дневните ритми на нашата психологија и однесување. Тимот идентификувал одредени типови на неврони, кои ги пренесуваат временските информации од централниот часовник во мозокот до периферниот часовник кај жлездите. Потоа деноноќните часовници кај винските мушички биле забавени и ритамот се продолжил во 27-часовен циклус. Истиот ефект бил забележан кога централниот мозочен часовник бил забавен, додека пак, кога бил оставен да функционира нормално, а кога часовникот на жлездите бил забавен, тогаш ритамот останал непроменет, односно на циклус од 24 часа.

Ова покажува дека „главниот часовник“ е одговорен за временската регулација. Потребно е спроведување на повеќе истражувања за целосно да се потврди ова истражување. Кај луѓето „главниот часовник“ се смета дека се состои од 20 илјади неврони и се наоѓа во делот на хипоталамусот. Во тој регион се одлучува дали треба да спиеме или да бидеме будни во зависност од дневната светлина или ноќта.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука