X
 18.01.2023 Живот

Како да препознаете психопат на работното место?

Комуникологот и писател Томас Ериксон, автор на романот „Опкружен со психопати“, дава одговор на тоа како да препознаете психопат на работното место. Неговиот роман е базиран на „боите“ на една личност, односно моделот ДИСА што ги препознава луѓето и однесувањето во четири бои: црвена, жолта, сина и зелена.

- Зависи од вашата позиција. Психопатите се хранат со моќ и она што може да им донесе пари и внимание, сакаат да бидат во прв план. Ако вашиот шеф е психопат, треба да се тргнете од него. Не можете да промените, ниту да излекувате психопати, ниту пак тие сакаат да бидат излекувани. Тоа е како да ѝ кажете на мачката дека не треба да брка глушец; сè што би рекла е: „Зошто да не? Јас сум мачка и сакам да ловам глувци“ - вели Ериксон.

Овој експерт посочува дека психопатите никогаш не би се нарекле себеси психопати, туку би рекле дека се лидери, ѕвезди итн.

Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати бидејќи таму се моќта и парите и верува дека овие луѓе имаат тенденција да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај.

- Ова се луѓе од кои ќе слушнете: „За да бидеме поефикасни, треба повеќе да ги туркаме луѓето“. Ова е лош начин бидејќи луѓето не се потрошен материјал. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие функционираат. Мора да сфатиме дека луѓето треба да се третираат со почит и нивните напори треба да се вреднуваат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативни повратни информации. Но, психопатите не размислуваат за тоа, тоа е неважно за нив. Вие за нив сте потрошен материјал што ќе го искористат и ќе го фрлат - вели Ериксон.

Психопатите што се на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е вистински пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите.

Луѓето опкружени со психопати се подложни на прифаќање психопатски начини на однесување, а тоа е опасно.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот