X
 18.03.2022 Здравје

Дали пандемијата заврши и кој треба да одлучува за тоа?

Поминаа две години откако Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, сите се прашуваат кога ќе заврши. Ова звучи како едноставно прашање, но според случаи од минатото, крајот на една пандемија не доаѓа во исто време за сите.

Одлучувањето за крајот на ширење на некоја болест е тешко и за здравствените организации. Ширењето на еболата кое започнало во 2018 година во ДР Конго било прогласено за завршено од страна на СЗО во 2020 година, но оттогаш се појавиле нови бранови.

Во Англија неодамна Владата одлучи да ги укине сите ограничувања поврзани со коронавирусот. Дали тоа значи дека пандемијата заврши во оваа земја и кој одлучува за тоа?


Фото: Freepik

Група истражувачи спровеле анкета во Англија да видат дали жителите мислат дека пандемијата заврши. Биле прашани 1.300 лица од различни возрасти. Од испитаниците, 57 отсто сметале дека укинувањето на мерките не значи и крај на пандемијата. Само 28 отсто мислеле дека со укинувањето на мерките ѝ се става крај на пандемијата.

Околу 40 отсто од испитаниците мислеле дека одлуката за укинување на мерките била прагматична, но помалку од 25 отсто мислеле дека тоа е морална одлука.

Кој треба да одлучи кога ќе заврши пандемијата?

Половина од испитаниците мислеле дека научниците треба да одлучат кога ќе заврши пандемијата, а помалку од 5 отсто мислеле дека Владата треба да одлучи за тоа. Мажите почесто верувале дека одлуката треба да падне на Владата, а невакцинираните лица почесто верувале дека треба да се одлучи со гласање на јавноста.

Вакцинираните лица почесто верувале дека научниците треба да одлучат за крајот на пандемијата.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје