X
 18.03.2022 Живот

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со хумана акција израдуваа педесетина жени

Идните фризери разубавија педесетина штитенички на домови за стари лица

Дека светот останува на младите, доказ се учениците од средното училиште ,,Димитар Влахов“ од Скопје кои неодамна ги израдуваа повозрасните штитенички на домовите за стари лица ,,Вита – Ве“ и ,,Идила Терзиева“ – на околу 50 мајки и баби им направија фризури.

- Учениците направија тие да се почувствуваат поубави и сакани. Идните фризери заедно со нивните наставници по практична настава Марина Киевска, Атиџе Адеми и Елизабета Савева, им ги понудија своите услуги, односно им ги измија, потстрижаа и им ги исфенираа косите, докажувајќи дека никој не треба да биде сам и заборавен - информираат во училиштето.



Покрај фризерите, учениците од графичката струка под менторство на наставниците Љубе Ѓеорѓиевски и Горан Јордановски изработија честитки за Осми март кои им ги подарија.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот