X
 20.02.2015 Образование

Наставник прави ремек-дела на таблата за да ги инспирира своите ученици


Еден наставник по ликовно образование во основно училиште во Вајомин ни покажува како наставниците може да инспирираат креативност кај своите ученици. Еден корисник на „Редит“ споделил фотографии на кои се покажуваат цртежите кои овој наставник ги прави за своите ученици за да им покаже колку може да се направи со наједноставните материјали.

Што се случува кога доаѓа време да се избрише уметноста? На наставникот не му пречи.

„Има нешто убаво во знаењето дека тоа ќе биде избришано. Не трошам материјали, па без разлика дали треба да го задржам или не, децата го гледаат и потоа исчезнува“, вели тој.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование