X
 18.03.2023 Живот

Операција „Оверлорд“: Како Денот Д го добил своето име?

Во дивината на Галовеј во Југозападна Шкотска се преговарало за тактика за огромна воена операција - битката за Нормандија помеѓу нацистичка Германија и сојузничките сили во Втората светска војна.

Сојузничката армија слетала на брегот на Нормандија на 6 јуни 1944 година. Датумот на почетокот на операцијата „Оверлорд“ не бил случајно избран - тој ден имало полна месечина која им ја осветлувала патеката на авионите навечер, а приливот и одливот одиграле еднакво важна улога во слетувањето. На почетокот на операцијата на Сојузниците им бил потребен мал прилив за полесно да ги погодат пречките што Германците ги поставиле во морето, а ненадејното пристигнување на приливот гарантирало дека полесно ќе се симнат на плажите.

Пред повеќе од 70 години „Нокинам Лоџ“, тогаш приватна резиденција, била место на тајна стратешка средба меѓу британскиот премиер Винстон Черчил и генералот Двајт Ајзенхауер, врховниот командант на Сојузниците. Како што покажува историјата, средбата имала одлучувачка улога во менувањето на текот на војната. Денот Д ги исцрпил германските ресурси и на крајот довел до ослободување на Западна Европа.

И денес Денот Д е израз што го кажуваме за важен или значаен ден, односно ден кога нешто треба да се промени. Но, како го добило името?

Бидејќи воената стратегија била планирана во најголема тајност, почетокот на инвазијата ја имал буквата Д (од англиски ден), а сите други денови, пред и по него, биле означени со „Д+“ и „Д− “. Повеќе од една година Сојузниците ја осмислувале тактика на најголемото слетување во историјата. Успехот на таа огромна операција бил и почеток на падот на Хитлер, а Втората светска војна завршила нецела година потоа.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот