„Дадов отказ, и имав стара „Хонда Цивик“ - ставив сè што имам на задното седиште и во багажот, вклучувајќи го и душекот за спиење. Имав 1,000 долари во банката. Му се јавив на Џо и му реков: „Доаѓам во Сан Франциско“.
Џо ми кажа дека киријата е 1,150 долари така што излезе дека немам пари ниту за кирија. Тој викенд во Сан Франциско се одржуваше меѓународна дизајнерска конференција. Ја посетивме веб-страницата на конференцијата, сите хотели наведени на страницата на конференцијата беа зафатени. Во тој момент, на памет ни падна нашата куќа да ја претвориме во пансион за преноќување со појадок („Bed and Breakfast“) за потребите на конференцијата. За жал, немавме кревети, но Џо имаше 3 душеци за надувување („air beds“) - така пансионот го нарековме „
Air Bed and Breakfast“.