X
 05.03.2015 Култура

Уличниот агол кој го промени светот

Во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, на уличниот агол преку Латинскиот мост, може да се забележи банер на кој со големи бели букви пишува: „Уличниот агол кој го започна 20-от век“.

 

2


Токму на ова место, на 28 јуни 1914 година, 19 годишниот Босанец, Гаврило Принцип го уби австрискиот војвода Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија, со што активирал синџир на настани кои доведоа до Првата Светска војна и менување на курсот на 20-от век. Но, атенатот бил само фарса и речиси неуспешен обид, додека трагикомични грешки го доведоа војводата токму пред убиецот.

Политиката на Франц Фердинанд која тој сакал да ја имплементира после доаѓањето на престолот доведоа до неговата смрт. Фердинанд предложил да се замени австро-унгарскиот дуализам со „триализам“ односно тројна монархија со која словенските земји во рамките на австро-унгарската империја ќе бидат ре-организирани и ќе се комбинираат во трета круна. Исто така, Фердинанд се залагал за идејата за федерализам. Овие идеи не беа многу популарни меѓу владејачката елита. Српската терористичка група наречена „Црна рака“, решила да го убие Франц Фердинанд за време на неговата посета на Сараево, со што би го блокирале неговиот предлог за реформи.

 


На овој судбоносен ден, седум заговорници биле распоредени по должината на рутата на војводата. Поголемиот дел од нив не успеале да дејствуваат се до моментот кога автомобилот се приближил до Неделко Чабриновиќ. Чабриновиќ фрлил бомба но надвојводата ја турнал бомбата од кровот на автомобилот и таа паднала на следниот автомобил во колоната. Во меѓувреме Чабриновиќ голтнал апче со цијанид и скокнал во Миљацка. Во тоа време, Миљацка не била многу длабока, такашто тој си ги повредил зглобовите и не можел да се движи. Апчето со цијанид не успеало, па Чабриновиќ бил извлечен од реката и претепан.

Откако првиот атентат бил неуспешен, Фердинанд се упатил во општината лут затоа што дошол на посета во Сараево, а го дочекале бомби. Надвојводата решил да ги посети повредените од бомбата. Но, никој не ги известил возачите дека рутата е променета. Возилата требало да продолжат право, меѓутоа тие свртиле на аголот. Кога возачот сфатил дека го згрешил патот, закочил со што се предизвикало застој на автомобилите. Принцип, кој во тој момент седел во едно кафуле од другата страна на улицата, ја искористил шансата и ги убил надвојводата и неговата сопруга.

 


Сите атентатори биле фатени и осудени на смрт или доживотен затвор. Бидејќи Принцип бил малолетен, добил 20 години затвор, но починал 3 години подоцна од туберкулоза.

Една година подоцна, австро-унгарската империја се распадна, а се роди Југославија, со што Принцип стана национален херој. Античкиот Латински мосто беше преименуван во негово име и беа поставени стапалки на тротоарот. Исто така, била поставена табла на која пишувало „Иницијаторот на слободата“ заедно со спомен плоча.

 


Кога Нацистите влегоа во Сараево во 1941 година, тие ја отстраниле талата како симболично признание дека Хитлер го освоил градот. Стапалките биле уништени во текот на војната во 1995 година.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура