X
 18.08.2017 Здравје

Шест искуства што поттикнуваат развој на интелигенцијата кај децата до третата година

Прочуениот детски психијатар Стенли Гринспен развил мапа на детскиот развој која е прифатена од страна на Американската академија на педијатри како водач за педијатрите кои ги проценуваат способностите кај малите деца. Мапата се базира на шест клучни искуства што го поттикнуваат развојот на емоции и интелигенција кај бебињата и децата до тригодишна возраст и е резултат од 25-годишна истражувачка работа.

Своите искуства и резултати од истражувањето Гринспен ги профилирал во книгата „Развој на здрав ум“, каде што издвојува шест клучни искуства за развојот на интелигенцијата и емоциите, поделени според возраста на детето. Во оваа книга, до најситен детаљ на родителите им се објаснува какви способности имаат нивните деца на два, пет, девет... месеци и што можат да направат тие за да им помогнат во здравиот развој со кои игри, движења, начини на комуникација. Тука се објаснува и што и на која возраст може да се очекува од детето, како се чувствуваат бебињата, со кои изрази на лицето ги искажуваат своите емоции...

1. Постигнување смиреност, внимание и заинтересираност за светот (0 – 2 месеци)

На овој прв стадиум од развојот, кој трае во првите два месеца од животот, задача на родителите е да му помогнат на детето да почне да восприема и да биде смирено, да научат како да му обезбедат чувство на сигурност и да го заинтересираат за светот што го опкружува. Да, веќе на таа возраст родителот може многу да направи, само треба добро да го набљудува детето и да ги следи неговите реакции на светот околу себе.

2. Вљубување (3 6 месеци)

Задача на родителите во овој период е да ги поттикнуваат пријатните чувства, убавите емоции меѓу себе и бебето. Сетете се, постојат многу начини на вљубување, а многу е важно близината што ја споделувате со детето постепено да расте. Имате многу време да ја зацврстите емотивната врска меѓу вас и бебето, но важно е да бидете емоционално ангажирани. Особено во овој период.

3. Почеток на двонасочна комуникација (6 – 12 месеци)

Многу време пред да го изговори првиот научен збор, бебето ќе ви праќа безброј пораки за своите чувства, желби, мисли. Ваша задача е да научите да ги „читате“. Изразите на лицето, активностите, звуците кои ги испушта – сè се тоа начини на кои детето комуницира со вас.

4. Решавање проблеми и создавање чувство за себе (12 – 18 месеци)

Детето веќе почнува да сфаќа како функционира светот околу него. На оваа возраст би требало да може да ве фати за рака и со прст да ви покаже што сака. Тоа е неговиот прв обид на социјално решавање на проблемите. Кога ќе му кимнете со главата, тоа со свои движења ќе ве повикува сè додека не го земете во прегратка само за да ја дофати играчката. Вашето дете научило дека проблемите се решаваат преку повеќе меѓусебно поврзани чекори. Ниедна шарена детска играчка што свети не може да го научи вашето дете за социјалните лекции онака како што вие можете преку заедничка игра и со вклучување во дијалог.

5. Откривање на светот на идеи (до 2,5 години)


Оваа фаза носи многу новини кои не можат да се претстават во неколку реченици. Детето открива еден цел нов свет! Наместо да ве однесе до полицата и со прст да ви покаже што сака, сега веќе умее да каже „мама, играчка“.

6. Создавање „мостови“ меѓу идеите (до 3 години)

Овде настануваат првите проблеми, конфликти, расправии, период кога родителите често не можат или не умеат да се носат. Ова е можеби клучниот период од развојот на детето.

Не, ова не е периодот кога детето треба да учи букви и броеви. Има една одлична приказна за брачна двојка адвокати кои на својот четиригодишен син речиси на секое негово барање, му одвраќале: „Наведи ми барем три причини зошто би требало да го добиеш тоа?“ (чоколадо, нова играчка, половина час повеќе пред телевизор...) Ако детето навистина наведело три добри причини, му ја исполнувале желбата. Развивањето на логиката е многу поважно од просто учење на букви и броеви.
                                                  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје