X
 18.08.2018 Живот

Работа од соништата: Се бара лице што ќе патува низ светот и ќе пие џин

Лондонската компанија „Мистер Фогс“ нуди работа од соништата за сите обожаватели на џинот и, што е уште поважно, за оние што сакаат да патуваат. Станува збор за компанија која поседува неколку барови во Лондон и се подготвува да отвори уште еден каде што сака да го продава најдобриот џин на светот. Поради тоа, компанијата бара светски патник, кој 80 дена низ целиот свет би пробувал џин, токму како Фог од романот на Жил Верн.

Значи, новиот работник во оваа компанија би требало да дегустира разни џинови и коктели и тоа да го забележи со својата камера и да го објави на социјалните мрежи со соодветен текст. Мумбај, Хонг Конг, Париз, Њујорк и Сан Франциско се само некои од локациите што патникот ќе мора да ги посети, а за што, секако, ќе му биде платено.

Конкурсот е отворен до 27 август, а услов е познавање на социјалните мрежи и активноста на нив, познавање на фотографијата и селфињата. Исто така, важно е да се напомене дека кандидатот мора да има најмалку 21 година и мора да биде талентиран во уметноста на писмено изразување.

Фото: MrFogg's (printscreen)

Во пријавата за работата, која може да ја видите ако кликнете тука, потребно е да наведете лични податоци и да прикачите кратка биографија, да напишете кои земји сте ги посетиле во последните пет години, да наведете три што ви оставиле најдобар впечаток, да ја опишете најголемата авантура во животот и случката во која сте биле најзасрамени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот