X
 18.09.2019

Индија ги забрани електронските цигари

Индиската влада забрани производство и увоз на електронски цигари.

Министерката за финансии Нирмала Ситарамање соопшти дека со извршната одлука ќе бидат забранети овие производи и на тој начин ќе се зголеми контролата на цигари во земјата.

Таа наведе дека електронските цигари претставуваат сè поголем ризик за здравјето бидејќи не се користат како средство кое помага да се остави пушењето, туку како „моден детаљ“, особено кај младите.

Повеќе од 900.000 луѓе умираат годишно поради болести поврзани со ризикот од пушење.

Во Индија има 106 милиони возрасни пушачи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk