X
 18.10.2020 Живот

Климатска продавница во Шведска - цената на производите се формира според нивниот јаглероден отпечаток

Шведскиот бренд за храна „Феликс“, неодамна отвори „Климатска продавница“ каде што цените на производите се формираат според нивниот јаглероден отпечаток. Валутата во продавницата е еквивалент на јаглерод диоксид (СО2е) и клиентите имаат неделен буџет од 18,9 килограми СО2е.

На овој начин цените го истакнуваат вистинското влијание на производството на храна врз климата и создаваат разлики помеѓу еколошкиот отпечаток на храна од растително потекло (ниско влијание) и производите од животинско потекло (високо влијание).

- Ќе биде возбудливо да се види како реагираат клиентите на тргувањето со валутата СО2е. Ќе видиме дали ќе успеат да останат во рамките на нивниот неделен буџет. Мислам дека на многумина ќе им ги отвори очите во однос на тоа како одреден избор влијае врз тоа што тие можат да си дозволат да го добијат во истата кутија за ручек - вели Томас Сјоберг, маркетинг-менаџер во „Феликс“.

Продавницата е интерактивен дел од новата иницијатива што „Феликс“ ќе ја спроведе оваа есен, каде што ќе стави етикети на своите производи (вегетаријански готови јадења, инстант-пире од компири, џем од брусница и дресинг за салата), што укажува на нивното климатско влијание, со цел да ги поттикне потрошувачите да изберат храна од растително потекло.

Извор: Vegnews.com
Фото: Newfoodmagazine
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот