X
 18.11.2020 Живот

Приватни специјализанти доброволно се приклучуваат во борбата против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче утринава оствари средба со млади лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника, кои сакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид-центрите на овие клиники, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добредојдена на инфективните одделенија.

- Како министер за здравство и како лекар, ценам што покажавте желба и спремност да се вклучите во работата во ковид-центрите сега кога за тоа има голема потреба. Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит - истакна министерот Филипче.



Денеска ќе биде изготвен распоред за ротација на младите лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид-центрите.

Филипче разговараше и со претставници на млади лиценцирани лекари за нивен ангажман во здравствените установи низ целата држава. Според најавите од Министерството, до крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид-одделенијата и болниците низ државата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот