X
 18.11.2025 Живот

МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии за 2025-2026 година

Ова се листите со добитниците на ученички стипендии:

Добитници на стипендија по конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурсот за доделување 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурс за доделување на 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурс за доделување на 50 (педесет) стипендии за ученици-деца без родители од средното образование од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

Добитници на стипендија по Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година

МОН објави дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“.

Незадоволните апликанти не треба да вложуваат приговори, ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение!

По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).

Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот