X
 18.12.2021 Живот

Неочекуваните здравствени придобивки од спиењето во студена соба

Сега, кога почнуваме да чувствуваме дека прстите на нозете ни се смрзнуваат во овие студени зимски ноќи, се соочуваме со вековната дилема дали да го исклучиме греењето кога одиме да спиеме.

Д-р Каран Рајан, најпознат како @dr.karanr на „Тик-ток“, ја решава оваа дилема и во кратко видео на своите 4,4 милиони следбеници им ги открива причините зошто е важно да го исклучите греењето во собата каде што спиете.

Најпрво наведува дека исклучувањето на греењето може да го забави стареењето. Имено, спиењето без вклучено греење поттикнува мелатонин, хормон кој не само што ја зголемува склоноста кон сон, туку и промовира антистареење. Тоа го прави со намалување на оштетувањето од оксидативниот стрес и нивото на кортизол, а ова го намалува системското воспаление.

Д-р Раџан, кој предава на Универзитетот „Сандерленд“, вели дека студот помага и при несоница. Науката ни кажува дека средната температура на нашето тело треба да падне пред да настапи сонот.

- Значи, пониската температура ве приближува до целната температура на спиење на вашето тело, така што побрзо заспивате. Постудено значи и повеќе соништа. Повисоката температура значи дека вашиот мозок и тело се поактивни во обидот да ве разладат - вели докторот.

Освен тоа, студената соба може да го подобри вашето метаболичко здравје.

Докторот вели дека постои истражување што посочува дека изложеноста на студ може да го зголеми количеството на кафеави масти произведени од матичните клетки. Овие масти помагаат во регулирање на холесторолот, гликозата во крвта и ја подобруваат чувствителноста на инсулин.

Значи, ако ви е потребен уште еден изговор да го исклучите греењето во собата каде што спиете, можете да се обратите до науката.



Извор: Ladbible.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот