X
 20.07.2021 Живот

Индиец спие до 300 дена годишно поради нарушување

Пукарам, жител на индиското село Бадва, има ретко нарушување и спие дури 300 дена годишно. Специфичното нарушување му било дијагностицирано пред 23 години, кога спиел по 15 часа дневно, но симптомите се влошувале со текот на времето.

Здравствената состојба се нарекува аксис хиперсомнија, што доведува до поспаност во текот на денот или долго спиење од над 9 или 10 часа во текот на ноќта. Тоа се јавува поради промени во протеин во мозокот познат како ТНФ-алфа.


Пред шест години Пукарам почнал да спие по 48 часа одеднаш, наместо 7 или 8 како што се препорачува. Неговата состојба почнала да се влошува, па овој 42-годишен маж, кој е сопственик на мала продавница, почнал да спие по една седмица одеднаш.

Сега понекогаш не се буди 25 дена по ред. Неговата продавница е отворена само 5 дена месечно, а му се случувало и да заспие на работа.

Не постои лек за неговата состојба, а некои методи што ги пробал му предизвикувале мигрена и замор.

Извори: Novosti | India Today
Фото: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот