X
 18.12.2025 Живот

Оваа генерација најмногу се расправа за пари - и најчесто ги крие од партнерите

Генерацијата З (родени помеѓу 1997 и 2012) најчесто се расправа со својот партнер за пари и најчесто крие пари или финансиски информации, покажува нова студија. Околу девет од десет луѓе (91 %) од генерацијата З (оние на возраст од 18 до 28 години), рекле дека се расправале со својот партнер за пари, во споредба со 76 % од испитаниците од сите други возрасти.

Според истражувањето, спроведено за „Старлинг банк“, најчестите причини за конфликт се недоволно штедење, премногу трошење на непотребни работи и различни финансиски приоритети. Оваа возрасна група, исто така, најчесто крие финансиски тајни од својот партнер: 45 % од нив го прават тоа, во споредба со општиот просек од 37 %.


Криењето банкарски сметки, тајните купувања и лажното претставување на приходите се меѓу најчестите финансиски тајни.

Сепак, анкета на повеќе од 2.000 парови во Велика Британија покажала дека генерацијата З е високо финансиски писмена и меѓу оние што најмногу даваат приоритет на финансиската компатибилност со својот партнер.

Бека Страуд, експерт за лични финансии во „Старлинг“, вели дека е одлично што генерацијата З е толку финансиски писмена, но исто така важно е да се разбере дека секој различно им пристапува на парите.

- Секој има свој начин на управување со своите финансии, што може да доведе до недоразбирања, конфликти или тензии - затоа е важно да се научи за различните „јазици на парите“ што ги користат луѓето - советува експертот.

Извор: forbes.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот