X
 07.05.2016 Економија

Каде Бил Гејтс го чува своето богатство?

Каде Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот, ги чува своите пари?


Како што пишува „Инвестопедија“, поголемиот дел чуваат од „Cascade investments LLC“. Неговите акции вклучуваат влогови во компанија за менаџирање на отпад, национална автомобилска компанија, хотел итн. Тој неодамна основал организација посветена на научни и технолошки услуги. Тој вложува и во социјалната мрежа за научници „Research Gate“.

Дел од неговото богатство е во облик на недвижнини. Тој има имот на езерото Вашингтон со шест кујни, шест камини и 24 бањи. Тој има вила во Велингтон, а се зборува и дека поседува остров на брегот од Белизе. Гејтс поседува приватен авион, кој чинел околу 45 милиони долари, Порше од 1999 година и други ретки автомобили.

Меѓу другото, тој поседува и ракопис на Леонардо да Винчи, кој го купил на аукција за 30,8 милиони долари. Во него има многу откритија и набљудувања на Да Винчи. Тој поседува и слика од Винслоу Хомер која ја купил на аукција за 36 милиони долари.

Освен тоа, Гејтс дава милијарди за хуманитарни цели. Фондацијата „Бил и Мелинда“ е најголемата хуманитарна фондација во светот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија