X
 19.01.2016 Наука

Луѓето ве оценуваат врз основа на две работи

Ејми Кади од Бизнис училиштето Харвард веќе 15 години се занимава со проучување на механизмот со чијашто помош ги донесуваме првите впечатоци за личноста која штотуку сме ја запознале.

Во нејзината книга „Presence“, Кади наведува дека луѓето најчесто се прашуваат следните две прашања кога за прв пат ќе сретнат некоја личност:

- Дали можам да ѝ верувам на оваа личност?
- Дали можам да ја почитувам оваа личност?


Психолозите овие прашања ги сместуваат во категориите на топлина и компетентност, а совршено би било кога би овозможиле ваков впечаток на исполнување на двата услови.

Интересно е тоа што повеќето луѓе, особено во професионалното опкружување, сметаат дека компетентноста е важен фактор. На крајот на краиштата, сите сакаат да докажат дека се доволно паметни и талентирани за извршување на работата.

Но, довербата или топлината се најзначајните фактори врз основа на кои другите ве проценуваат.

-Од еволутивна гледна точка, многу е важно за нашиот опстанок да знаеме дали некоја личност ја заслужува нашата доверба или не ја заслужува - наведува Кади и додава дека, дури тогаш кога е воспоставена довербата, се преминува на евалуација на другите карактеристики.

Сепак, од желба да се покажат способни, вредни и паметни, луѓето најчесто избегнуваат да побараат помош или да избегнат социјални настани, за да може да делуваат воздржано.

Луѓето кои премногу се трудат такашто може да бидат непријатно изненадени кога ќе сфатат дека не ја добиле понудата за работа бидејќи работодавецот не добил впечаток дека може да му верува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука