X
 19.02.2024 Живот

НАСА бара волонтери за едногодишна симулација на живот на Марс

Американската вселенска агенција НАСА бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на Црвената Планета.

Почнувајќи во 2025 година, четворица волонтери ќе поминат 12 месеци на „Марс дун алфа“ во Хјустон, локација за симулација со големина од околу 160 квадратни метри, моделирана според замислена станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3Д-печатена структура во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.

Програмата ќе ги стимулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи ограничувања на ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и стресни фактори на животната средина.

Задачите на екипажот вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштето, вежбање и одгледување култури.

Ова е втора ваква симулација која е дел од програмата на НАСА „ЧАПЕА“ (Crew Health And Performance Exploration Analog) чија цел е подготовка за мисии на Марс.

Апликациите се отворени до 2 април, а кандидатите треба да имаат дипломи по природни науки, да бидат на возраст од 30 и 55 години, да бидат здрави, мотивирани, непушачи и да зборуваат течно англиски јазик.

ТУКА можете подетално да ја погледнете апликацијата.

Извор: Zimo.dnevnik.hr | NASA.gov
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот