Ѓорѓе Балашевиќ го воодушевуваше регионот повеќе од четири децении Тој е еден од најзначајните кантавтори на нашите простори,
Актер, писател и режисер, својата музичка кариера ја започна во групите „Жетва“ (1977) и „Рани мраз“, а во 1982 година го издаде албумот „Пуб“, со што и официјално почна неговата соло кариера.
Големо влијание врз него имаше српскиот поет Мика Антиќ, додека сопругата Оливера му беше неисцрпна инспирација за секој стих.
Во својата автобиографија напиша:
- Оние што ме засакаа преку музиката, знаат многу за мене. Оние што не ме засакаа досега, се плашам дека и нема ни да ме засакаат.
- Патот до ѕвездите е само етапа на кружниот пат до себеси. Ако знаеш кратенка, нема потреба да талкаш. Не, брат. Си стигнал уште кога си тргнал. Целта ја носиш скриена под капутот, истетовирана на градите како мета. Во тоа е тајната. Во тоа е единствениот трик.
- Постојат тишини што ги паметам повеќе од најубавите зборови.
- И тогаш ќе знае дека е единствената што сум ја сакал. Дека сите други ги сакав со темната страна на срцето. Штедејќи се. Учев како најдобро да ја сакам неа. Кога конечно ќе ја најдам...
- Луѓето се како школки, мораш да отвориш илјадници за да најдеш бисер.
- Се викам Ѓорѓе Балашевиќ. Пријателите ме викаат Ѓоле. Непријателите не ме викаат. Но, не ги викам ни јас. Па, кој подолго ќе издржи.
- Напиши ми песна, ме молеше. А јас не знаев дали ќе знам. Ја сакав толку лесно, а толку тешко знаев да го покажам тоа. А потоа, одеднаш, распоредот на бенките на нејзиниот грб, како тајна мапа, ми покажа во кои ѕвезди треба да се загледам. И така. Ете ти песна, луда една.
- Кога го барам патот до своето јадро, патеките стануваат сè потесни, се кријам во заклонот на твоето уво, како обетка од двојна цреша. Но, сепак, успевам да одолеам, да прошепотам дека вечерва те сакам на руски.
- Зборовите навистина се мои играчки, сјаат во мојата глава како шарените стакленца на калеидоскопот, и секојпат гледам поинаква слика кога ќе ги затворам очите… Но, во нас постојат некои непродорни длабочини, некои нешта што не може да се претворат во зборови.
- Некои мислат дека сите мои песни звучат исто. Ги разбирам сосема. Јас, на пример, мислам дека сите песни на Ајнштајн звучат исто. Не сме сите подготвени за сè.
- Чудни се тие емоции. Ќе откриеш агол во себе за кој не знаеше дека постои и ќе сфатиш дека некој таму со денови, месеци, години спиел, а не плаќал кирија.
- Сè си има свое време – кога мрзне и кога врие, кога менува бои. Кога венее и зрее, сè си има свој почеток и крај. Темнината постои за да го повика светлото.
Извор:
Direktno.rs
Фото: Screenshot/YouTube