X
 19.03.2019 Живот

Тие што украле нешто од овој хотел може да добијат награда

Од меки перници до удобни бањарки, хотелските соби се преполни со предмети што „молат“ да бидат украдени, а голем дел од нас веројатно зеле барем едно нешто што не требало да го земат.

И додека повеќето хотели имаат строга политика против крадењето, еден хотел со 5 ѕвезди од Њу Орлеанс всушност ги наградува овие крадци нудејќи еднонеделен престој во нивниот претседателски апартман за една личност што ќе врати нешто што украла во минатото.

За да ја прослави 125-годишнината од постоењето, хотелот „Рузвелт“ од Њу Орлеанс ги охрабрува луѓето да ги вратат предметите што ги украле од хотелот. Згора на тоа, тие ќе наградат еден „крадец“ кој ќе врати одреден предмет што го украл. Шансите не ви се зголемуваат ако вратите нешто големо - хотелот вели дека во игра влегуваат сите оние што ќе вратат каков било предмет - од клучеви до менија и крпи.

По истекот на акцијата, хотелот планира да ги изложи предметите во лобито на хотелот. Акцијата трае до јули, а победникот ќе биде објавен на 31 јули.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот