X
 19.04.2017 Живот

Зошто најдобрите работници ја напуштаат компанијата?

Постојат работници кои се продуктивни, се согласуваат со колегите и ретко се жалат. Зошто тогаш ја напуштаат работата?


Фото: Freepik


Кога најдобриот од тимот работи врвно, лесно е да се претпостави дека сѐ е во ред. Сепак треба да се слуша и прати пулсот на компанијата. Еве неколку причини зошто најдобрите вработени ја напуштаат компанијата, иако претходно не постоело сомневање дека ќе го направат тоа:

Целосно „изгориле“ на работа
– кога некој добро работи, обично му се дава уште повеќе работа. Затоа треба да се избегнуваат преголеми очекувања од само една личност, одговорноста треба да е на сите.

Немаат добар „алат“ со кој ќе работат – ова може да биде лош или застарен компјутер, малку луѓе кои му помагаат, или кога нема усовршување и напредок. На тој начин работодавачот покажува дека не го цени и дека не вложува во својот тим.

Чувствуваат дека не се ценети доволно – платата не е доволна. Кога некој работи напорно, тогаш тој сака тоа да се слушне и од претпоставените. Некој сака да го фалат во јавност, а на некој му се допаѓаат парични бонуси.

Работното опкружување е неинспиративно – најголем дел од денот се поминува на работа, па важно е на работното место да се чувствувате полни со енергија и мотивација за работа. Секој детал може да го подигне расположението и да направи нешто за задоволството на вработените.

Нема напредок – добрите вработени се мотивирани и имаат импулс да бидат најдобри во она што го работат. Тоа исто така значи дека секогаш тежнеат кон напредок и развој во својата кариера. Ако немаат можности за докажување во организацијата во која се наоѓаат, тоа ќе го побараат на друго место.

Сакаат да заработат повеќе пари – навистина добрите вработени треба константно да се наградуваат.

Не гледаат иднина – некогаш не ги гледаат долгорочните цели, ако ги има или не се гледаат себе си на патот на нивното остварување. Талентот на вработените мора да се развива во кругот на компанијата и заедно со организацијата.

Не се слуша нивниот глас
– сите сакаат да бидат дел од промена. Ако гласот и мислењето на вработените не се слуша, и ако работодавачот не ги известува за предизвиците и достигнувањата на компанијата, вработените нема да чувствуваат дека се дел од заедницата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот