X
 02.08.2019 Наука

Не ни е доволна една Земја за живот, потребни ни се 1,75 планети

На денот кога тигрите славеа поради порастот на нивната популација, а Етиопијците засадиле стотици милиони стебла - планетата Земја влезе во еколошки долг, трошејќи повеќе природни ресурси отколку што планетата ќе ги произведе во оваа година.

Познат како Ден на еколошкиот долг, ова случување настапи порано отколку кога почнал да се одбележува во 70-тите години.

Денот на еколошкиот долг се пресметува врз основа на тоа колку на планетата е достапна вода, шума, метали и други ресурси и со која брзина се трошат.

Така, светската популација денес користи ресурси што планетата ќе може да ги произведе наредната година. Пресметано е дека човештвото во моментов ја користи природата 1,75 пати побрзо отколку што може да се регенерира екосистемот на планетата. Тоа значи дека за да бидеме на нула, потребни ни се 1,75 Земји.

За да бидеме во баланс со планетата до 2050 година, односно за да не постои еколошкиот долг, туку да сме компатибилни со ресурсите што Земјата ги создава за година дена, потребно е Денот на еколошкиот долг секоја година да се поместува за пет дена кон крајот на годината.

За тоа се потребни големи напори, а на пример, намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид од фосилните горива за 50 отсто за овој ден да се помести за три месеци.

Многу светски борци за екологија се приклучуваат на идејата #MoveTheDate.

Идентификувани се пет клучни области што најостро ги дефинираат долгорочните трендови на луѓето, а сите се формирани со поединечни и колективни избори. Станува збор за дизајн на градови, производство на енергија, производство, дистрибуција и консумирање на храна, однесување кон природата и порастот на населението.

Словенија пред сите


Мрежата за глобалниот еколошки отпечаток пресмета кои држави ги надминале ресурсите што ги произведуваат за една година. Така на пример, Катар и Луксембург се првите две земји што се во еколошки долг оваа година, уште од првата половина на февруари.

Иако важи за „зелена“ држава, Словенија од поранешните југословенски држави прва влегла во еколошки долг на 27 април. Веднаш по неа е Хрватска, која е во долг од 1 јуни. Србија влезе во еколошки долг на 18 јули, Босна и Херцеговина на 10 јуни, Црна Гора на 12 јули, додека Северна Македонија влезе во еколошки долг на 23 јули.

Човештвото за првпат забележало дефицит на животната средина во раните 70-ти. Надминувањето е можно затоа што го исцрпуваме природниот капитал, загрозувајќи го идниот регенеративен капацитет на планетата.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука