X
 19.05.2023 Живот

Во Шпанија постои апликација за тоа колку сопругот (не ги) извршува домашните обврски

Во неодамнешниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој се вели дека жените во Шпанија поминуваат двојно повеќе часови извршувајќи ги домашните обврски отколку мажите.

Пред само два месеца Клаудија и Фернандо се преселиле во мал стан во шпанската престолнина. Ова било голем чекор за овој пар. Но, она што на почетокот изгледало идилично, се претворило во постојани расправии околу тоа кој што прави низ домот.

Фернандо вели дека готви повеќе од Клаудија, а таа вели дека постојано мора да го потсетува да си ги средува алиштата и да го брише подот.

Сега, шпанското Министерство за еднаквост, на чело со Ирене Монтеро, сака да им помогне на паровите што не можат да се снајдат и да ги поделат обврските во домот.

Планот, кој веќе е во тек, е да се развие апликација што ќе ги брои часовите што мажите и жените кои живеат заедно ќе ги поминуваат во завршување на домашните обврски.

obvrskiЏ
Фото: Freepik

- Апликација за следење колку време трошиме на задолженија? Не сум сигурна дали тоа би функционирало за нас. Можеби ќе имаме уште повеќе расправии кога ќе ја видиме разликата во поминатите часови - вели таа.

- Апликацијата ќе биде лансирана следниот септември. Ќе биде бесплатна и ќе може да се преземе на сите платформи. Нејзината цел е да промовира заедничка одговорност на обврските низ домот по пат на сметководствен систем за користењето на времето - велат од Министерството за еднаквост.

Марија Изабел и Мануел се во брак 26 години. Парот ги има поделено домашните задолженија уште од првиот ден.

- Во мојот дом мајка ми беше слугинка. Не сакав и мене да ми се случи тоа - вели Марија Изабел.

Така, Мануел готви, мие садови и оди во супермаркет, додека Марија Изабел пере алишта, пегла и ја средува облеката.

- Не се работи само за вклучување на времето поминато во чистење на кујната, кое може да биде само 20 минути, туку и за сите задачи претходно направени за ова да биде постигнато, како што е купување производи за чистење - вели државната секретарка за еднаквост и против родово насилство.

Од Министерството за еднаквост посочуваат дека жените поминуваат повеќе часови дома.

- Апликацијата ќе има феминистички пристап. Ќе покаже многу невидливи задачи кои предизвикуваат ментално оптоварување и оние што не се поврзани со домот, како што е планирање оброци и справување со емоционална грижа за децата - велат од Министерството за еднаквост.

Извор: Euronews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот