X
 11.05.2023 Технологија

Австрија го забранува користењето на „Тик-ток“ на службените телефони

Голем број западни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и неколку други земји-членки на Европската Унија, веќе го забранија „Тик-ток“ од безбедносни причини.

Исто така, Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент ја забранија употребата на оваа апликација.

- Ќе биде забранета апликацијата на службените мобилни телефони. На приватните телефони надвор од државната мрежа се разбира дека ќе биде можно користење на апликацијата - изјави Герард Карнер, министер за внатрешни работи на Австрија.

„Тик-ток“, апликација во сопственост на кинеската фирма „Бајтденс“, ја зголеми загриженоста на австриската Влада дека кинеската Влада би можела да ја користи апликацијата за собирање податоци за корисниците или унапредување на сопствените интереси.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија