Веројатно не е нешто за кое сакате да размислувате кога се подготвувате да тргнете на крстосување од соништата, но дали знаете дека повеќето крстосувачи се обврзани да имаат мртовечница?
Некои од поголемите крстосувачи можат да примат над 6.000 патници. Иако не е многу пријатно да се размислува за тоа, крстосувачите всушност се обврзани да имаат мртовечница, а постои вознемирувачка причина зошто е тоа така.
Каде е мртовечницата?
Мртовечницата е обично мал ладилник во најнискиот дел од бродот, а според „Њујорк тајмс“, во неа се чуваат помеѓу 2 и 10 тела. Иако бројот на луѓе што умираат на крстосување е мал, во споредба со тоа колку патуваат секоја година, сепак некогаш се случува тоа и мора да се направат аранжмани за складирање на телото.
Вообичаено, ако дојде до смртен случај, телото се преместува во мртовечницата, пред да се симне од бродот на следното пристаниште. Во некои случаи телото останува на бродот до крајот на патувањето.
Што се случува ако некој почине на крстосувач?
Според „Индипендент“, ако сте на крстосувач и го слушнете екипажот како ја изговара фразата „Операција брајт стар“ (Светла ѕвезда), тоа значи дека има медицинска итна состојба. Во меѓувреме „Операција рајзинг стар“ значи дека патникот починал.
Ако патникот починал, капетанот е информиран, а ќе бидат информирани и медицинските тимови на копно.

Д-р Александар Дуровиќ го објаснил протоколот.
-Тоа е работа полна со стрес и одговорност. Медицинската страна може да биде многу тешка. Поголемиот дел од она што го правиме на големите крстосувачи се итни услуги, како во итната помош. Но, ние сме и општи лекари за екипажот и се грижиме за хронични медицински потреби - истакнал тој.
Понекогаш медицински тимови од копно доаѓаат на бродот ако некое лице починало.
- Тие одлучуваат што да прават. Понекогаш медицинските испитувачи ќе дојдат на бродот и ќе го земат телото за обдукција. Зависи од случај до случај. Очигледно е дека лекарот ја прогласува смртта. Има момент на тишина пред да се подготви телото. Не е убаво чувство за целиот брод. Бродовите треба да бидат забавни места, за луѓето да уживаат во својот одмор. Секој ваков настан е навистина стресен за сите - но барем ние (медицинските лица) имаме обука за такво нешто - вели докторот.
Тој истакнал и дека респираторните проблеми често можат да бидат најголемите медицински проблеми на бродот, но и други васкуларни заболувања се чести.
- Респираторните проблеми се главната работа, но може да се појави сè. Срцеви удари, срцева слабост, срцев застој. Мозочни удари, повреди, фрактури на коски, повреди на 'рбетот и повреди на главата. Слично е на која било итна помош низ целиот свет, а на некои бродови може да има и многу работа во тој сегмент - заклучил докторот.
Извор: unilad.com
Фото: Freepik