X
 19.06.2022 Живот

Трикови со кои автомобилот ќе биде постуден и покрај високите летни температури

Летните горештини можат да го направат ова убаво годишно време сосема непријатно. За луѓето што не поднесуваат високи температури, влегувањето во автомобил што бил паркиран под сонце може да биде крајно непријатно искуство. Еве неколку трикови со кои можете да го одржувате автомобилот постуден кога е паркиран.

1. Користете чадор

Овој испробан и проверен метод за ладење на вашиот автомобил треба да биде опција за борба против високите температури во текот на летото. Ставете чадор на шофершајбната секогаш кога ќе излезете од автомобилот. Можете да го одржувате автомобилот уште поладен подолго време со поставување на чадорот на задното стакло.

2. Користете ткаенина за воланот и предниот дел од автомобилот

Ткаенината може да ја направи поудобна внатрешноста на вашиот автомобил. Нема да чувствувате толку силна топлина ако воланот не е толку жежок.

3. Покријте го воланот со обична крпа

Дури и ако користите чадор, добро е да го покриете воланот со крпа. Ова ќе помогне да се намали температурата на вашиот волан.

avtomobil
Фото: Freepik

4. Обидете се да најдете паркинг под сенка


Секогаш кога е можно, паркирајте се под сенка. Ако треба да го оставите автомобилот подолго време, подобро би било да пешачите повеќе ако сенката е подалеку.

5. Оставете ги прозорците малку отворени

Иако не е добра идеја да ги оставите прозорците целосно отворени, добро е да оставите малку простор за воздух. Дури и мал отвор ќе го поттикне протокот на воздух, па во автомобилот нема да биде пеколно жешко кога ќе влезете.

6. Ставете ќебе на седиштата

Ако вашиот автомобил има кожени седишта, знаете дека овие материјали може да станат жешки кога се изложени на сончева светлина и високи температури. За седиштата да не се загреат пеколно, ставете ќебиња.

7. Оставете ја вратата малку отворена пред да влезете во автомобилот

Пред да влезете во автомобилот, оставете ја вратата отворена неколку минути или ако имате време, отворете ги сите врати за да излезе топлиот воздух и да се намали температурата.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот