X
 27.01.2024 Живот

Дали знаете кој е најпродаваниот автомобил во Европа?

Најпродаваниот автомобил во Европа во 2023 година не доаѓа од Европа, туку од Америка и се напојува на струја.

Се разбира дека станува збор за „тесла“. Моделот „Y“ на „Тесла“ е најпродаваниот автомобил во Европа за 2023 година.

Прелиминарните податоци од експертите за истражување на пазарот од „Датафорс“ откриваат дека овој модел го надмина својот најблизок конкурент „дачија сандеро“ со 254.822 продадени автомобили, наспроти 235.893 на „дачија“. Овие бројки претставуваат 97 отсто од продажбата во Европската Унија, земјите од ЕФТА и Обединетото Кралство.

Една од главните причини е тоа што „Тесла“ воведе значително намалување на цената на почетокот на годината. Исто така, компанијата имаше корист од стимулации наменети за службени автомобили во Германија, каде што овој модел стана најпродаваниот електричен автомобил со приближно 45.800 регистрации.

rang

Во текот на 2023 година овој модел беше најпродаван во 7 од 12 месеци. „Дачија сандеро“ водеше четири месеци, додека „фолксваген Т-рок“ се најде на првото место во период од еден месец.

Минатата година „пежо 208“ беше најпродаван европски автомобил, а тогаш „сандеро“ го зазеде второто место. Моделот „Y“ е и првиот електричен автомобил кој го обезбеди првото место во продажбата во Европа.

Истиот модел беше петтиот најпродаван автомобил во Америка минатата година, со приближно 403.897 автомобили испорачани на клиентите. Оваа бројка претставува зголемување од 16 отсто во споредба со 2022 година, кога моделот „Y“ беше најпродаваното возило на глобално ниво.

„Фолксваген голф“, кој беше на врвот на продажната табела во 2021 година, падна на седмото место во 2023 година.

Извор: n1info.ba
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот