X
 19.07.2018 Наука

Најдолгото затемнување на Месечината во 21 век ќе се случи следната недела

Голем дел од населението на Земјата следната недела на небото ќе може да види спектакл - најдолгото затемнување на Месечината во речиси 100 години.

Рано изутрината на 28 јули Земјата ќе мине меѓу Сонцето и Месечината и ќе го засени нашиот сателит стар 4,5 милијарди години. Но, сенката од Земјата не е толку сива. Таа варира од портокалова до црвена ако сте на средината, односно точно каде што Месечината ќе биде во тој период.

Целосното затемнување на Месечината е слично со она на Сонцето, но појавата е сосема различна. За време на затемнувањето на Сонцето, Месечината минува меѓу Земјата и Сонцето и ја засенува нашата планета. Сенката е безбојна затоа што Месечината нема атмосфера за да ја разлее или прекрши сончевата светлина. Но, Земјата е посебна приказна поради атмосферата богата со азот.

На сликата можете да видите како всушност се случува целосното затемнување на Месечината.

Фото: Science Alert

Црвената боја никогаш не е иста од едно до друго затемнување на Месечината поради природните и човечките активности кои ја погаѓаат Земјината атмосфера.

Каде ќе може да се види затемнувањето? Ако се добри временските услови, тоа ќе биде видливо од поголемиот дел од Источна Африка, на Блискиот Исток и во Централна Азија. Научниците на Антарктикот исто така би требало да имаат добар поглед.

Европа, Источна Азија, Австралија, Индонезија и други региони исто така ќе уживаат во делумно затемнување на Месечината.

На сликата може да се види каде ќе може да се види затемнувањето.

Фото: Science Alert
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука