X
 11.07.2018 Живот

Запросување над Месечината по астрономска цена

Агенцијата „Апотео сурпрајз“ од 2022 година воведува можност за запросување над Месечината што ќе чини астрономски 125 милиони евра.

Во соопштението од агенцијата се наведува дека секое лице што е заљубено и богато ќе може да резервира комплетно организирана услуга, но дека претходно ќе мора да мине низ физички тренинг и техничка обука во траење од 12 недели.

Полетувањето е од Кејп Канaверал на Флорида, а пристигнувањето во орбитата на Месечината е планирано три дена по полетувањето, стои во соопштението.

Додека трае запросувањето, во заднина ќе биде пуштена песната „Fly Me to the Moon“ на Френк Синатра.

Капсулата, која ќе може да достигне брзина од 38.000 километри на час, ќе биде опремена со систем од осум камери.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот