X
 19.08.2019 Живот

Се бара куче што ќе патува со својот сопственик и ќе престојува во најубавите хотели

Веб-страницата Хотелс.ком им овозможува на едно куче и неговиот сопственик да патуваат 10 дена и да престојуваат во некои од најлуксузните хотели во кои е дозволен престој за миленици.

Натпреварот е во организација на оваа веб-страница, а целта е да направи листа од најдобрите хотели за домашни миленици. Победниците на натпреварот може да изберат дали цел одмор ќе го поминат на едно место или ќе пробаат сместување на различни локации низ светот. Наградата се состои од 10 ваучери од „Хотелс.ком“ во вредност од околу 180 евра, а победниците сами одлучуваат како ќе ги искористат.

Некои од хотелите имаат посебно мени за кучиња, а нудат и масажи. Додека кучето ужива, сопственикот може да ги проба луксузните содржини наменети за луѓето.

Оние што сакаат да учествуваат на натпреварот треба да го тагнат својот домашен миленик на „Инстаграм“ на #CanineCritic и да го следат профилот @Hotelsdotcom. Крајниот рок за пријавување е 25 август, а победникот ќе биде известен најдоцна до 18 септември.

За жал, може да учествуваат само Британци, Французи, Шпанци, Норвежани, Финци, Германци, Турци, Американци, Канаѓани, Бразилци, Мексиканци и Аргентинци. Нема Македонци на списокот, но да се надеваме дека ќе нè вметнат во второто коло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот