На сите ни е многу јасно дека кога некој производ на интернет е бесплатен, тогаш вистинскиот производ е самиот корисник, односно неговите податоци, навики, склоности и определби, кои потоа се продаваат за рекламирање.
Некои корисници со право се многу лути поради тоа што големите технолошки компании собираат нивни податоци за да ги искористат за продажба на реклами.
Какви се приходите од рекламирање на дигиталните платформи?
Меѓу другото, треба да се знае дека корисниците од земјите со пониски приходи обично имаат многу помала вредност за огласувачите. Приходите од рекламирање, секако, зависат и од самата популарност на платформата.
Според анализата на веб-страницата „Sherwood.news“, платформите „Пинтерест“, „Снеп“ и „Редит“ имаат просечен приход по активен корисник од 2,40 до 2,80 долари месечно за корисник во САД или Северна Америка.
„Мета“ значително пред другите
Но, за разлика од нив, според проценките на „Мета“, корисник во Северна Америка (САД и Канада) вреди значително повеќе - нешто под 27 долари. Тоа е дури и повеќе од најскапата месечна претплата на „Нетфликс“ во тие земји, која изнесува 24,99 долари.
Извор:
Bug.hr
Фото: Freepik