Дали некогаш сте се запрашале зошто прозорците во авионите се заоблени? Можеби претпоставувате дека станува збор за дизајнерски избор, но постои сериозна причина за изборот на овој облик, според едно видео на „Тик-ток“.
Авионите порано имале квадратни прозорци во 50-тите години, но имало неколку инциденти кои предизвикале несреќи. Имало две фатални авионски несреќи во 1954 година во кои загинале 56 лица.
Истрагата покажала дека обликот на прозорците довел до несреќите бидејќи тие не можеле да го издржат притисокот во внатрешноста на авионот кој им е потребен на патниците за да се чувствуваат удобно на големи височини.
Од друга страна, заоблените прозорци подобро го поднесувале притисокот, односно не се кршеле. Затоа, сите авиони денес имаат заоблени прозорци.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay