X
 19.10.2025 Живот

Кој град е најсреќен во светот? Еве каде луѓето најмногу уживаат во животот

Магазинот „Тајмаут“ истражувал кој град се смета за најсреќен во светот според мислењето на локалното население. На првото место се најде Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

При истражувањето, „Тајмаут“ анкетирал повеќе од 18.000 луѓе за тоа колку се задоволни со животот во своите родни градови. Испитаниците биле оценувани според неколку клучни критериуми, меѓу кои ноќен живот, храна, достапност за пешаците и општ квалитет на животот. Исто така, од нив било побарано да одговорат на прашања поврзани со среќата, како: „Мојот град ме прави среќен“, „Се чувствувам посреќно во мојот град отколку на други места каде што сум бил или живеел“, „Луѓето во мојот град изгледаат среќно“, „Наоѓам радост во секојдневните искуства што ги нуди мојот град“ и „Моето чувство за среќа во градот значително се зголеми во последно време“.

По анализата, било утврдено дека Абу Даби е најсреќниот град во светот според луѓето што живеат таму. Дури 99 отсто од жителите рекле дека нивниот град ги прави среќни. 93 отсто сметаат дека се посреќни дома отколку на кое било друго место во светот, а 96 отсто се согласиле дека и нивните соседи изгледаат оптимистично. Ова не е изненадување бидејќи градот се истакнува и по пешачките зони, пристапот до зелени површини и развиената културна сцена.

На второто место на листата се најде Меделин во Колумбија, со 97 отсто од луѓето кои велат дека наоѓаат „радост во секојдневните искуства“, додека третото место го зазеде Кејптаун.

Извор: n1info.hr 
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот