Брисел најверојатно ќе воведе „данок на маснотии“ во предложениот план на Европската Унија за кардиоваскуларно здравје, кој Европската комисија треба да го усвои за околу еден месец.
Данокот ќе се применува на високопреработена храна со висок процент шеќер, масти и сол.
Оваа мерка е еден од политички најчувствителните сегменти во многу пошироката иницијатива за намалување на кардиоваскуларните заболувања во Европа, која треба да биде одобрена во средината на декември.
Повеќе од 1,7 милиони луѓе умираат од кардиоваскуларни болести секоја година, а милиони други живеат со долгорочни последици. Тоа создава огромен притисок врз веќе преоптоварените здравствени системи.
Товарот од овие болести расте, поттикнат од стареењето на населението и зголемената застапеност на дебелина, дијабетес и хипертензија, со годишни економски трошоци поголеми од 282 милијарди евра.
Иако е претставен како здравствена иницијатива, планот повторно ја отвора расправата во ЕУ за надлежностите и изборот на политики.
- Оданочувањето на ниво на ЕУ одигра клучна улога во намалувањето на ризичните фактори поврзани со нашиот начин на живот - стои во нацрт-документот.
Брисел сака да воспостави мрежа од надлежни тела која би служела како форум за соработка и координација при оданочување нездрави прехранбени производи.
Ова би требало да овозможи размена на информации и добри практики меѓу земјите-членки.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik