X
 20.01.2025 Живот

Билјана Велкова победи на изборот за најдобро украсена студентска соба и си го подигна ваучерот

Билјана Велкова од Кавадарци победи на изборот за најдобро украсена студентска соба, кој Факултети.мк го организира четврта година по ред.

Билјана е апсолвент на Филозофскиот факултет при УКИМ, на Институтот за педагогија. Таа си го подигна ваучерот од 5.000 денари и ни раскажа дека првпат конкурирала иако секоја година го следела изборот.

- Неколку години го следам изборот за најдобро украсена студентска соба и имав желба да се пријавам. Оваа година сама ја украсив собата, т.е. мојот дел од собата. Иако во студентски дом самиот простор ја ограничува креативноста, купив елка, украси, сама направив панделки и снимив видео. Јас уживам во украсувањето и во празниците – ни изјави Билјана.

Инаку, Билјана е голем љубител на пишаниот збор и веќе 5 години чита книги, во соработка со издавачки куќи, па објавува рецензии и препораки на нејзиниот инстаграм-профил.

Погледнете ја уште еднаш нејзината соба:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот