X
 20.02.2021 Живот

Ѓорѓе Балашевиќ: „Има моменти на тишина на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови“

Ова се дел од најубавите цитати на Балашевиќ:

- Луѓето се како школки – мора да отвориш илјада за да најдеш бисер.

- Дамите одбираат. О, уште како... и главно ќе одберат бараба.

- Има моменти на тишина на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови.

- Се заљубуваш затоа што тоа ти е тебе потребно, а сакаш затоа што тоа му е потребно на некој друг.



- „Засекогаш“ е, сепак, само збор... Големите зборови обично имаат мала грешка и се смалуваат по малку секојпат кога ќе ги изговориш. Ни од моето „засекогаш“ на остана богзнае што.

- Да одлучуваа жените за некои работи, светот ќе беше поубав. Можеби ќе имаше малку кубење за коси, озборување и други работи, но дефинитивно не би имало олку крв и зло колку што ние, мажите, посеавме.

- Не, не сум изненаден, само сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам.

- Вистинскиот маж нема да го препознаете по изгледот, по дипломата, по интелигенцијата. Оној вистинскиот ќе го познаете по начинот на кој ве држи за раката, по тоа како ве љуби, како ве гушка – ни пресилно за да останете без здив, но ни прелабаво за да исчезнете без трага. Вистинскиот ве држи баш онака како што треба, да знаете чии сте.

- Ниедна жена не е толку скапа да не можеш со искрена љубов да ја купиш. Но ни толку евтина да се продаде за грст лаги.

- Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се менувам, но ме промени. Таа е единствената на која ѝ кажав како навистина се чувствувам. Не бараше да ја држам како капка вода на дланка. Фактот дека ја сакам беше сосема доволен.

Извор: mondo.rs
Фотоизвор: balasevic.com
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот